2.Издание, САБОТА, 19 ОКТОМВРИ 2024
НЕГОРСКИ БАЊИ, ГЕВГЕЛИЈА

ПРИЈАВЕНИ УЧЕСНИЦИ 2024

ПРЕДЛОГ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА БЕКЈАРД

БРИФИНГ ЗА ТРКАТА

Негорски Бањи

Негорски Бањи се модерен туристички и здравствен центар за продолжено лекување и рехабилитација на пациенти во современи капацитети поставени за сите видови терапија од областа на физикална медицина и рехабилитација.

Околу бањите на површина од 22 хектари има редок примерој на црн јасен, кој го прочистува воздухот, ја разубавува околината и им овоможува долги прошетки и релаксација на посетителите. На 27 км се наоѓа локалитетот “Смрдлива вода” каде Негорски бањи имаат свои објекти на надморска височина од 730 метри. Во бањскиот комплекс има три хотели, спортски терени, и теретана, кои се комплетно реновирани со цел да им понуди пријатен престој на посетителите. Најквалитетен е хотелот „Јасен” со капацитет од 126 легла, потоа е хотелот „Илинден”’ кој има 88 легла, додека хотелот „Божур” нуди сместување за 68 лица.
РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ТУКА

ЛОКАЦИЈА

Во непосредна близина на Гевгелија, покрај регионалниот пат Солун – Скопје се наоѓа бањата Негорци. Сместена е во подножјето на планината Кожуф, на надморска височина од 50 метри, на три километри од Гевгелија и на шест километри од границата со Грција.

ТЕРМАЛНА ВОДА

Во околината на бањата има три природни извори со големи резерви подземна топла вода. Нејзините термоминерални извори околу кои се изградени бањските објекти се јавуваат на десната страна на реката Вардар, во подножјето на планината Кожуф, меѓу селата Мрзенци и Негорци на надморска височина од 60 метри. Во регионот на Бањата има две води – Врела Бања со температура од 40 степени и Ладна бања од 38 степени.

ТЕРМАЛНА КАЛ

Ова е единствената бања во земјава која располага и со термална кал, која се наоѓа на околу 500 метри јужно од термалните извори. Таа е ситнозрнеста, скоро црна со светло-темни честички од растително потекло со температура од 34 до 36 степени, со што е мошне погодна за плеоидна терапија. Присуството на оваа термоминерална кал во Македонија создава услови за проширување на терапевтските можности во Негорски бањи за што е во подготовка и проект.

ЛЕКУВАЊЕ

Водата во бањата е лековита за сите видови ревматски заболувања на зглобовите и мускулите, стерилитет, гастроинтестинални заболувања, заболувања на кардиоваскуларниот систем, воспаленија на периферниот нервен систем, разни видови на дерматолошки заболувања. Со пиење на сулфурнокиселата вода се лекуваат воспаленијата на бубрезите, гастритис и чир во желудникот. Бањата е опремена со модерна апаратура за електро-терапија, парафинска терапија, како и подводна масажа.

ИЗВОРИ

Негорските термоминерални извори се од вулканско потекло. На длабочина од околу 20-50 метри, термоминералната вода во вид на млаз избива на површината на теренот, а со тоа е докажано дека покрај постоењето на термалната вода по природен пат во Негорски бањи се јавува и артерска-термоминерална вода. Овие термоминерални води имаат висока температура која кај одделни извори е различна и се движи меѓу 36 степени кај ладната бања до 43 степени кај новата каптажа. Вкупното богатство на сите три извори, ладната, топлата бања и новата каптажа, изнесува 1,80 литри во секунда. Водата од изворите е богата со сулфур, железо, флуор, хлор и магнезиум.

ИНФРАСТРУКТУРА

Помасовната употреба на лековитите својства на оваа вода почнала од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, во времето кога на овие простори господарел Шукри Паша, висок достоинственик на турската империја.Тој изградил зграда со два базена и соба за одмарање. Во првиот базен се бањал тој, а во вториот неговите девет жени. Едниот базен е поголем со тркалезна форма, а другиот е во форма на коцка. Овие објекти и денес се користат и се нарекуваат “Пашина бања”. Легендата вели дека лековитата вода во бањата била користена од многу поодамна и дека во неа мајката на Александар Македонски го бањала своето чедо, поради што месното население ја нарекува „Бањата на Александар”.

Гордо поддржани од

punksbackyardultra@gmail.com

Дејан Крле, директор на трката 
071 246 423
Copyright TREX 2023
www.trex.mk
envelope